Дома Фудбал Останато Гатузо пред Дуделаж: Да не правиме будали од себе

Гатузо пред Дуделаж: Да не правиме будали од себе

gatuso

Тренерот на Милан пред утрешниот натпревар во Лигата на Европа…

Дали патот од Лигата на шампионите за Милан е полесен преку Серија А или Лигата на Европа и колку на Милан му е важно далеку да стигне во второто по квалитет европско натпреварување?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа се прашања кои си ги поставуваат љубителите на фудбалот, а тренерот на „росонерите“ пред натпреварот со Дунделаж Џенаро Гатузо размислува со здрав разум и индиректно одговори дека нивна главна цел или подобро кажано обврска на играчите е да не прават будали од себе.

Ќе потсетиме, Милан во Луксембург потешко од очекувањата славеше победа од 1:0, стрелец на голот беше Гонзало Игуаин.

„Тие знаат да играат фудбал, работат одлично како тим и ни создаваа проблеми во првиот натпревар. Поради тоа мораме да бидеме свесни дека без сериозно залагање нема да дојдеме до бодови. Ситуацијата е прилично јасна. Ако ја погледнете состојбата во групата очигледно е – доколку не победиме ќе се доведеме во тешка ситуација. Всушност, не треба да правиме будали од себе“, порача Гатузо.

Милан после Дунделаж оди во Пиреа и поради тоа „росонерите“ не смеат да си дозволат кикс во утрешниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…