Дома Фудбал Италија Гатузо после големата победа зборуваше и за Андре Силва

Гатузо после големата победа зборуваше и за Андре Силва

gatuso

Тренерот на Милан е задоволен после убедливата победа во седмото коло.

„Росонерите“ после две нерешени средби во кои испуштија предност славеа на гостувањето кај Сасуоло и тоа со убедливи 4:1. Интересно е што Гатузо за овој натпревар на располагање немаше ниту еден класичен напаѓач, Игуаин, Кутроне и Борини сите беа надвор од тимот.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Два погодоци постигна Сусо додека по еден постигнуваа Франк Кеси и новајлијата Кастиљехо.

На конференцијата после натпреварот, Гатузо не можеше да помине и без прашањето за Андре Силва кој игра фантастично во Севилја.

„Андре Силва не сакаше да остане, па знаев дека не можам да му ветам 25-30 натпревари кога го слушнав тоа. Не се сомневам дека е одличен напаѓач, но него никој не го избрка. Тој сакаше да замине“.

„Во минатите пет натпревари игравме добар фудбал. Не сме доволно константни, често играме одлично во првото полувреме и паѓавме во второто. Доминиравме против Емполи и можеше да биде и таму 4:1, но Пјетрo Терцијано имаше пет или шест одлични одбрани. Во овој момент, нашите дефанзивни движења не се така добри и во прашање не се само дефанзивците, туку и заштитниот штит и одењето предлабоко. Тоа е нашата слабост“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во инцидентите со хулиганите во Гелзенкирхен учестуввал и синот на Вучиќ

Неколку инциденти во Гелзенкирхен му претходеа на денешниот натпревар помеѓу Србија и Англ…