Дома Фудбал Италија Гатузо: Очекувавте магионичар, епа не сум …

Гатузо: Очекувавте магионичар, епа не сум …

Џенаро Гатузо имаше лош старт во Милан, но со победата над Интер се смири тензијата во клубот.

Гатузо го наследи Винченцо Монтела, но не успеа да тргне победнички, но пласманот во полуфиналето во Купот на Италија преку Интер донесе малку мир во тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Свесни сме колку проблеми имавме и колку се уште ги имаме. Победата над Интер ни даде многу сила за натаму, но не сум магионичар од една победа да направам победнички тим“, истакна Гатузо и додаде:

„Најмногу не мачи реализацијата. Од 317 удари кон голот, постигнавме само 23 гола. Можеме подобро, особено Никола Калиниќ“.

„Од моето пристигнување почнавме често да уфрламе кон голот. Сусо во последно време е многу добар, Кутроне има свои моменти, а Калиниќ добро го искористува просоторот, но често изостанува задниот пас за да дојде до прилика“, тврди Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…