Милан утре го игра последниот натпревар од италијанската Серија А кој е и тоа како важен за „росонерите“.
„Росонерите“ мораат да ги освојат сите три бода и да чекаат кикс на Интер или Аталанта за да стигнат до местото кое води во Лигата на шампионите наредната сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа тренерот Милан Џенаро Гатузо истакна дека никој од управата не му кажал дека мора да ја обезбеди Лигата на шампионите, туку дека само да се обиде да го направи тоа.
„Мораме да ја одработиме својата должност и да се бориме за победа, а потоа ќе видиме што ќе се случи после последниот судиски свиреж“.
„Тренирањето на Милан е остварување на сонот. Беше тешко и се надевам дека ќе продолжам да го живеам тој сон, чест ми е сакам да продолжам со оваа улога колку што е можно подолго. Кажав дека петтото место нема да биде неуспех ако ја погледнеме статистиката, освоивме повеќе бодови отколку во последните години“.
„Имавме многу проблеми и секогаш пронаоѓавме решение. На хартија имаше тимови кои изгледаа како да се подобри од нас, а сепак ние сме пред нив на табелата. Вистина е дека потрошивме некои прилики, но тоа не е целосен неуспех“.
„Освен тоа, никој во овој клуб не ми кажал дека морам да се квалификувам во Лигата на шампионите. Ме замолија да се обидам и тоа е она што го правам, влегуваме во финалниот круг со добра шанса“, изјави Гатузо.