Дома Фудбал Италија Гатузо заминува, Наполи преговара со Спалети

Гатузо заминува, Наполи преговара со Спалети

Италијанските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната ќе има тренерска смена во Наполи.

На крајот од 2019. година, Наполитанците го отпуштија Карло Анчелоти и на негово место го поставија Џенаро Гатузо, кој е на добар пат да ја оствари целта и да се пласира во Топ 4.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наполи оваа сезона играше со многу осцилации, па Гатузо во неколку наврати дојде во конфликт со претседателот Де Лаурентис.

Поради тоа Гатузо веќе донел одлука да си оди, без разлика на исходот на сезоната, а раководството веќе бара негов наследник.

Во пол-позиција за нов тренер на Наполи е Лучијано Спалети, кој се уште е на платен список на Интер, но на лето ќе биде слободен.

Преговорите се во напредна фаза и наскоро се очекува Спалети да стави потпис на двегодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …