Дома Фудбал Гатузо го губи трпението: На Бакојоко му е поставен услов, ако не го исполни се враќа во Лондон

Гатузо го губи трпението: На Бакојоко му е поставен услов, ако не го исполни се враќа во Лондон

bakayoko

Тимот на Милан ова лето го доведе Бакајоко од Челзи, но во редовите на „сините“ овој фудбалер би можел да се врати порано од очекуваното.

Бакајоко минатата година од Монако пристигна во Челзи како големо засилување, но во првата сезона не ги оправда очекувањата и „сините“ одлучија да го испратат на позајмица, Милан тоа како едвај да го чекаше и веруваа дека обезбедија големо засилување во средниот ред.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, овој 24 годишен фудбалер запиша само четири настапи во Серија А, а неговите натпревари беа катастрофални. Во италијанските медиуми веќе се пишува дека Бакајоко уште во јануари ќе биде вратен во Челзи бидејќи „росонерите“ сериозно размислуваат да го раскинат договорот за негова позајмица.

Се наведува дека во Милан веќе имале разговор со фудбалерот и јасно му порачале дека доколку драстично не ја поправи својата игра ќе ја прекинат позајмица во јануари. Наводно, Џенаро Гатузо му порачал дека има шест натпревари да се докаже или во спротивно ќе ја грее клупата, а во јануари ќе му даде и повратна карта за Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…