Дома Фудбал Италија Гатузо: Белоти е како Шевченко

Гатузо: Белоти е како Шевченко

gatuso

Tимот на Милан уште од минатото лето покажува интерес за италијанскиот напаѓач, Андреа Белоти, а денес мислење за квалитетите на популарниот „петел“ даде и Џенаро Гатузо.

Белоти можеби не е во иста форма како и минатата сезона, оваа постигна многу помалку голови, но и понатаму е напаѓач кого многумина го посакуваат, посебно Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред утрешното гостување на Милан кај Торино, свое мислење за квалитетите на Андреа Белоти даде стратегот на „росонерите“ Џенаро Гатузо кој имаше пофални зборови за Италијанецот.

„Белоти е како Шевченко, многу ме потсетува на него. Добро момче е и многу го почитувам, игра на високо ниво веќе неколку сезони“.

„Торино е тим кој се бори, има неколку квалитетни фудбалери и опасни се во нападот, знаат да организираат добри контри и сигурно нема да ни биде лесно, но сите знаат која е целта на Милан на секој натпревар“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …