Дома Фудбал Италија Галиани: Монца е навистина последна шанса за Балотели!

Галиани: Монца е навистина последна шанса за Балотели!

Марио Балотели беше слободен агент и се поврзуваше со неколку клубови, а на крајот на изненадување потпиша за второлигашот Монца.

Секако, главна причина за ваквиот развој на настаните се Силвио Берлускони и Адријано Галијани кои ја водат Монца. Во Монца тренер е Кристијан Броки, а дел од тимот е и Кевин Принс Боатенг.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Галијани е задоволен што Балотели ќе биде дел од нивниот проект, но воедно испрати јасна порака дека ова е последна шанса за да си ја спаси кариерата.

„Имав долг разговор со Балотели и му предочив дека ова е навистина неговата последна шанса, апсолутно последна, последна шанса. Јас навистина го сакам Марио, тој е играч со технички и физички квалитети што требаше да му дозволат да направи многу повеќе со својата кариера“, изјави Галијани.

Балотели потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за уште една година и ќе добие 400.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…