Дома Фудбал Милан го отпуштил Бобан преку писмо

Милан го отпуштил Бобан преку писмо

На спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан наводно веќе му било соопштено да го напушти клубот.

Бобан минатата недела имаше големо интервју за „Газета дело Спорт“ во кое јавно го критикуваше Иван Газидис дека му работи зад грб и бара човек на неговата позиција. ПОсле јавните критики повисокото раководство на Милан одлучиле да го отпушат Бобан. Со Бобан ќе замине веројатно и Малдини кој тој го доведе, пишува „Газета“.

Миланскиот весник пишува дека Бобан информацијата за отказот ја добил преку писмо кое го примил во петокот. Во него навофно било образложено дека поранешниот играч на „росонерите“ и легендата на Хрватска добил отказ поради неговите коментари во медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеслар со два гола го сруши Штурм: Целје славеше со 3-2 во Грац

Целје победи на „Меркур Арена“ со два погодока на Свит Сеслар и еден на Бенјамин Вербич, и…