Дома Фудбал Италија Газдата на Милан не се откажува: Објасни зошто Серија А треба да има 18 екипи

Газдата на Милан не се откажува: Објасни зошто Серија А треба да има 18 екипи

Неодамна беше одбиен предлогот да се скрати Серија А од 20 на 18 екипи. Иницијативата за скратување на лигата ја водеа Јувентс, Интер, Милан и Рома, додека останатите клубови не го поддржаа предлогот.

Одбивањето на помалите клубови за скратување на лигата до некаде е и очекувано, меѓутоа првиот човек на „росонерите“. Паоло Скарони е сигурен дека денот кога ќе дојде до скратување на лигата не е далеку.

„Најголем проблем се натпреварите кои мора да играме. Треба да се намалат за доброто на фудбалерите и нивното здравје. Јас лично сметам дека е неизбежно намалување на лигата на 18 клубови. Не треба да заборавиме дека Серија А во своите најдобри денови имаше 18 клубови“, потсети Скарони.

Последен пат кога најсилното италијанско првенство имало 18 екипи беше во сезоната 2003/2004.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул нема да може да го угости Реал на „Енфилд“, познато е и зошто!

Ливерпул и Реал Мадрид и оваа сезона може да бидат споени во лигашката фаза на Лигата на ш…