Изминува и последниот ден од преодниот рок, а во него беше завршена и големата размена на напаѓачи помеѓу Борусија Дортмунд, Арсенал и Челси.
Оливие Жиру премина во Челси и во редовите на „сините“ го избра дресот со број 18, Батшуаи на позајмица во Борусија ќе носи 44, а последен својот број го избра и Пјер-Емерик Обамејанг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Обамејанг се одлучи за „светиот“ дрес со број 14. Овој број има огромно значење во историјата на „топчиите“ бидејќи него го носеше големата легенда на овој клуб Тиери Анри.
Pierre-Emerick Aubameyang will wear the Number 14 shirt at Arsenal, the same number as Thierry Henry. (Source: @Arsenal) #DeadlineDay pic.twitter.com/9wzQ9kGJA2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 31, 2018