Дома Фудбал Останато Габигол со катастрофален старт во Бенфика – Сега се степа со соиграч!

Габигол со катастрофален старт во Бенфика – Сега се степа со соиграч!

Бенфика го доведе како големо засилување од Интер, но популарниот Габигол не успеа да го пронајде патот до мрежата во првите три натпревари за португалскиот гигант.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Покрај тоа тој прави испади и надвор од теренот, а во вторникот вечерта тој учествувал во физичка пресметка и тоа со неговиот соиграч.

Како што пренесуваат португалските медиуми, Бразилецот се степал со дефанзивецот, Жардел, а соиграчите на крајот успеале да ги раздвојат двајцата фудбалери и да ја смират ситуацијата.

Ваквиот развој на ситуацијата воопшто не му оди во прилог на Барбоса кој од доаѓањето во Европа не покажа апсолутно ништо, а со ваквкиот старт на неговата епизода во Бенфика не најави ништо подобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) „Комити“ вечерва го обоија Скопје во црвено-црно

Навивачката група „Комити“ вечерва го обоија главниот град на Македонија во црвено-црна бо…