Дома Фудбал Останато Вчера цел свет го поздрави потегот на ПСЖ, а денес пристигна – демант!

Вчера цел свет го поздрави потегот на ПСЖ, а денес пристигна – демант!

Авионската трагедија во која загинаа 18 играчи и тренерот на бразилскиот фудбалски клуб Шапикоенсе и 20 новинари, го обедини спортскиот свет.

Понесени од трагедијата медиумите буквално се тркаа кој ќе објави или прв ќе пренесе информации или порака од социјалните мрежи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера беше објавено дека францускиот шампион ПСЖ на бразилскиот тим кој остана без фудбалери решил да му донира 40 милиони евра. Оваа вест веднаш се рашири и светот беше воодушевен од потегот на „светците“.

Денес угледниот франциски весник „Паризиен“, се обиде да ја утврди веродостојноста на оваа информација.

Од клубот добиле одговор дека таквата информациија е измислица, односно дека ПСЖ не донирал никакви пари.

„ПСЖ категорично ги демантира овие гласини. Ние само изразивме солидарност кон жртвите со минута молчење пред тренингот. Исто така, со минута милчење ќе му одадеме почест на жртвите и пред следниот официјален натпревар“, стои во соопштението на клупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…