Дома Македонски спорт Вчера тренираше со ѕвездите на Јувентус, а во Македонија добивал само 5-10 минути во натпревар!

Вчера тренираше со ѕвездите на Јувентус, а во Македонија добивал само 5-10 минути во натпревар!

16 годишниот Никола Секулов е Mакедонецот које дел од италијанскиот шампион Јувентус.

Секулов успешно настапува за младинските тимови на еден од најголемите клубови во светот, а минатата сезона стана шампион во неговата генерација, потоа триумфираше и во Суперкупот каде што постигна гол и беше прогласен за играч на натпреварот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Овој макеоднски талент вчера имаше огромна чест и беше дел тренингот на Јувентус со првиот тим каде што рамо до рамо застана со Кристиано Роналдо, Паоло Дибала, Бонучи, Киелини…

Сепак, тој нема да настапи за македонската репрезентација 17 години. Селекторот Марио Вујовиќ во јавноста го обвини Секулов дека одбил да настапува за репрезентацијата.

Ваквата негова изјава беше причина во јавноста да се огласи роднината на Никола кој тврди дека Секулов не игра за Македонија само поради лошото однесување на селекторот кон него. Поточно тој тврди дека според него играч кој е дел од тим како Јувентус не може да игра само во последните пет минути или воопшто да не игра во конкуренција на играчи кои доаѓаат само од македонското првенство.

„Драги мои пријатели, роднини и навивачи на тимот со “најоткачени” навивачи Јувентус. Како роднина на Никола и многу одамна навивач на Јувентус имам некои информации кои не ги знае јавноста. Никола редовно се повикуваше на повиците на селекторот. Знам пред една година кога настапуваше за репрезентацијата за мечот со Ерменија, тој сам патуваше, сам си чекираше билети за возовите, сам менуваше возови , авиони, 16 годишно момче помина илјадници километри од се срце да настапи за македонската репрезентација. Тој продолжи да одговара на повиците на селекторот на У-17 тимот. Но за жал, освен во администрацијата, здравството, каде што има валкани игри, така и во македонскиот спорт има и таа сфера од нашето општество не е имуна на такви “болести”. Никола возвраќаше на повикот на селекторот иако тој на некои мечеви го пушташе само 5 или 10 минути и тоа на крајот од мечот. Понекогаш не треба да си голем познавач на фудбалот за да ги видиш неправдите. Како тоа Никола може да игра по цели мечеви за Јувентус а за Македонија не може да заигра ни 5 минути во екипа составена од играчи од македонското првенство, без да ги навредам тие деца да не ме сватите погрешно. Селекторот и менаџерите си пуштат свои деца, и сега сето тоа сака да го прикрие префрлувајќи ја вината врз друг. Додека ние не се однесуваме професионално кон талентите за жал секогаш ќе ги губиме. Сте се запрашале ли зошто најдобрите во своите професии ја напуштаат Македонија? Сакаме во ЕУ но за жал сеуште се однесуваме балкански“, гласи Фејсбук статусот на роднината на Секулов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…