Дома Фудбал Италија Вчера после поразот од 7:1 бил нападнат автобусот со играчите на Рома!

Вчера после поразот од 7:1 бил нападнат автобусот со играчите на Рома!

Рома вчера го претрпе еден од најубедливите порази во историјата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Купот на Италија „волчицата“ беше декласирана од Фиорентина со огромни 7:1. За Рома ова беше шести пат во клупската историја да прими седум гола на еден натпревар.

Ваквата ситуација ги налути навивачите на клубот кои се обиделе да ги нападнат фудбалерите на Рома.

Како што пишуваат италијанските медиуми група од 50-тина револтирани фанови го нападнала автобусот со кој фудбалерите се враќале кон Рим. По ваквата ситуација полицијата ги блокирала сите приоди кон стадионот „Олимпико“ за да се спречи поголем инцидент.

Истото било направено и утрово поради тренингот на Рома.

Навивачите после тешкиот пораз веднаш побарале состанок со луѓето во клубот, пред се со легендарниот Франческо Тоти и капитенот на тимот Де Роси. Еусебио Ди Франческо се извини, но тоа сигурно не е доволно за срамот кој го претрпе „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…