Стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ се пожали дека има проблеми со ростерот за натпреварот од Лигата на шампионите против ПИК Сегед.
Вардар во четврток го чека нов дуел со ПИК Сегед откако на средбата минатата недела беше поразен на гостински терен. Вујовиќ знае дека тимот го чека тешка задача.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нашата ситуација во овој момент со здравствениот билтен е катастрофална. Дибиров има вироза, прима инфузии и не знаеме дали ќе биде спремен. Мишевски и Куни имаа судир и двајцата се во аут. Тото исто така е повреден, Кудуз и Столе се неизвесни“.
Сепак потенцира Вујовиќ дека ова е натпревар кој треба да се добие.
„За моите критериуми, за критериумите на јавноста недозволиво е да имате пет порази во низа. Мораме да одиграме цврсто и со малку голови, тоаќ е ни одговара“, изјави Вујовиќ.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961