Дома Останати Вујовиќ: Не крваревме, не излегуваше пена од уста…

Вујовиќ: Не крваревме, не излегуваше пена од уста…

Словенија вечерва беше поразена од Данска со 31:28 и Вујовиќ верува дека имало доста грешки, како и тоа дека неговите играчи не биле доволно сконцентрирани во нападот.

„Не знам зошто, но ми се чини дека многумина играчи денес не беа сконцетрирани, не беа во мечот, а во нападот се појавуваше недостаток на концентрација. Покрај тоа, во одбраната имаше доста непотребни грешки. Не само младите, грешки прават и искусните играчи од кои инаку сум навикнат на повеќе“, истакна Вујовиќ по мечот на Словенската телевизија и додаде:


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ја немавме потребната сила. Бевме како зготвено јадење, но немавме зачин. Да, Данци се, и многумина ќе кажат дека е добро, но факт е дека недостасуваше сила, желба и одлучност. Не крваревме, не доаѓаше пена на уста. Полуфиналето е практично загубено, но важна е битката за петто место“, заклучи Вујовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…