Нормално, во таборот на Вардар владееше огромно задоволство за големата победа над Алборг.
„Mу честитам на мојот колега за она што го прави, според мене Алборг игра најдобар ракомет во Европа. Имав голем респект пред натпреварот, но тоа исчезна на теренот. Борко сигурно дека денес беше еден од клучните играчи. Уште еднаш ќе посочам дека Алборг е сигурно помеѓу најдобрите четири екипи“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Но, да одиме чекор по чекор. Сега не чека Бутел во домашното првенство и мораме да го промениме тимот и начинот на размислувања, така можам да кажам дека тоа е нашиот проблем во овој момент“, изјави Вујовиќ.
Вардар сега после три кола е првопласиран во својата група.