Дома Останати Ракомет Вујовиќ: Во второто полувреме правевме глупави грешки

Вујовиќ: Во второто полувреме правевме глупави грешки

Екипата на Вардар денес беше поразена од ПИК Сегед на гостински терен (34:31), тоа беше четвртиот пораз во низа за вардарци во Лигата на шампионите.

Според стратегот на Вардар, Веселин Вујовиќ грешките во второто полувреме биле одлучувачки за победникот.

„Честитки до ПИК Сегед и мојот колега Пастор за триумфот. Од почетокот на натпреварот бевме блиску до ривалот, но правевме глупави грешки во второто полувреме. Моите импресии се дека одигравме добар натпревар, но случувањата во второто полувреме го одлучи победникот. За седум дена повторно ќе играме против истиот противник и ќе се обидеме да го направиме тој дуел поинтересен“, изјави Вујовиќ.

Вардар после седум кола во групната фаза има освоено пет бодови и се наоѓа во долниот дел на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го промовираше новиот гостински дрес инспириран од 65. роденден! (Фото)

Ракометниот клуб Вардар денеска го претстави новиот гостински дрес за сезоната која следув…