Вчера беше потврдено дека Марко Вујин ќе биде новото засилување за Вардар за сезоната 2020/2021.
Петтиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите се очекува да биде од голема помош на црвено-црните. 35 годишниот шутер потпиша договор со Вардар на една година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега за „Балкан Хендбал“ Вујин зборуваше за трансферот во Вардар.
„Вардар е голем клуб, актуелен освојувач на Лигата на шампионите. Ме привлече новиот проект на чело со Михајло Михајловски. Во Скопје се чувствува голема ракометна енергија и тоа ме потсетува на големи ракометни градови и клубови како што се Веспрем и Кил. Тоа најмногу ме привлече покрај сериозната екипа која ќе ја има Вардар наредната сезона. За луѓето, градот, клбуот слушнав се најдобро. Би сакал заедно имаме успех достоен на името на клубот“, изјави Вујин.