Дома Фудбал Англија Вулверхемптон среде „Вембли“ го спушти Тотенхем на земја (ВИДЕО)

Вулверхемптон среде „Вембли“ го спушти Тотенхем на земја (ВИДЕО)

Екипата на Тотенхем денес претрпе тежок пораз на домашен терен од екипата на Вулверхемптон во рамките од 20-тото коло во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Спарсите беа фаворити во овој натпревар, а добро го отворија натпреварот со неколку одлични шанси за во 22-та минута Хари Кејн со прекрасен погодок да ги доведе „петлите“ во водство.

Сепак, неискористените шанси во првиот дел Вулверхемптон ги казни во второто полувреме кога со шокантен пресврт им нанесе тежок пораз.

До изедначување стигнаа преку Боли во 72-та минута за во 12 минути подоцна Раул Хименез да погоди за 1:2.

Во моментите кога Тотенхем се обидуваше да дојде до изедначување следуваше контро на гостите во 87-та минута која во погодок ја претвори Коста за конечни 1:3.

На останатите натпревари стрелците не беа премногу расположени:

Брајтон – Евертон 1:0

Фулам – Хадерсфилд 1:0

Лестер – Кардиф 0:1

Тотехнхем – Вулверхемптон 1:3

Вотфорд – Њукасл 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…