Дома Македонски спорт Мак ракомет Второ засилување во Битола: Е.Пелистер купи среден бек од Бундеслигата!

Второ засилување во Битола: Е.Пелистер купи среден бек од Бундеслигата!

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер продолжи да работи на засилувањата за новата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После македонскиот репрезентативец Марио Танкоски, во Битола пристигнува босанскиот репрезентативен среден бек Јосип Периќ кој пристигнува од Бундеслигата од тимот на Гепинген.

Периќ со Еурофарм ќе потпише договор на две години. Станува збор за ракометар кој зад себе има две одлични години во најсилната европска лига. Покрај Гепинген во кариерата го носеше дресот уште на Татабања, Одорхен и Дунареа.

Во репрезентацијата на Босна е стандарден со 39 настапи и 45 гола. Периќ во клубот доаѓа да ја пополни празнината по заминувањето на Остроушко и Ловро Јотиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …