Дома Фудбал Англија Вредноста на Манчестер Јунајтед вртоглаво падна!

Вредноста на Манчестер Јунајтед вртоглаво падна!

Вредноста на англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед на Њујоршката берза се намалила за повеќе од 1,2 милијарди фунти, по слабата сезона 2018/2019, пишува „Мирор“.

Минатата година, акциите на клубот од „Олд Трафорд“ се тргуваа за 21,82 фунти, а на последната сесија, цената изнесуваше само 14,24 фунти. Тоа значи дека вредноста на Манчестер Јунајтед падна од 3,51 милијарди фунти до 2,25 милијарди фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот не успеа да освои трофеј во 2018/2019 година, завршувајќи шести во Премиер Лигата со 32 поени зад шампионот Манчестер Сити и нема да игра во Лигата на шампионите следната година.

Обожавателите на „црвените ѓаволи“ веќе некое време се во конфликт со сопствениците на клубот, семејството Глејзер, кои го купија тимот од „Олд Трафорд“ за 790 милиони фунти во 2003 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Бразил домаќин на Мундијалот за жени во 2027 година

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското пр…