Британецот ќе трча на Олимписките игри во 2020 година.
Четирикратниот олимписки шампион и шесткратен светски шампион во трките на 5.000 и 10.000 метри се повлече од атлетиката во 2017 година за да се посвети на мартонските трки. Сепак, сега тој одлучи да се врати.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Одлучив следната година да се вратам на патеката. Многу сум возбуден што ќе се натпреварувам на 10.000 метри. Се надевам дека не сум ја изгубил својата брзина. Ќе тренирам напорно и ќе видам што можам да направам. Ми претставувам голема честш то се враќам на трката на 10.000 метри во Токио“, изјави Фарах.
Фараг на ОЛ во Лондон 2012 година го освои Златниот медал на трките на 5.000 и 10.000 метри, а истиот успех го повтори четири години подоцна во Рио Де Женеиро.