Фудбалерите на Црвена Звезда во среда со почеток од 21:00 часот во рамките од третото коло во Лигата на шампионите ќе се сретнат со англиски Ливерпул.
Овие два клуба ги одмерија силите и во култниот натпревар во 1973 година. Токму затоа од Звезда посветија емисија само на тие натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интересно е што првиот натпревар на поранешниот шампион на Европа исто така се одигра на 24 октомври, а во двата натпревари славеа црно-белите со по 2:1.
Легендите на Звезда се потсетија на големите натпревари на „Маракана“ и во Англија. Слободан Цоле Јанковиќ за „Звезда ТВ“ зборуваше како постигнувал погодоци, Владимир Петровиќ Пижон зборуваше за дуелот со Кевин Киган, додека Станислав Караси откри интересен облог.
Во емисијата посветена на овие натпревари зборуваше и поранешниот играч на Ливерпул, Крис Ловер.