Дома Фудбал Италија Враќање на отпишаните: Милан подобар од Рома на Олимпико

Враќање на отпишаните: Милан подобар од Рома на Олимпико

Милан вечерва конечно после долго време личеше на екипата која своевремено владееше со италијанскиот и европскиот фудбал, а тоа најдобро го почуствува Рома која беше поразена на домашен терен со 2:0.

Росонерите играат во одлична форма под водство на Џенаро Гатусо, а тоа го потврдија и вечерва со победата во Рим и со тоа се враќаат во борбата за ЛШ.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот дел од натпреварот не беше посебно интересен и гледачите не видеа премногу игра, па на одмор се замина без голови.

Сепак, вториот дел од натпреварот донесе два гола, но и доста други возбудувања. Се започна во 48. минута кога Кутроне погоди по асистенција на Сусо за водство на гостите. Милан и во продолжение беше поопасен противник на теренот, но Алисон ја чуваше мрежата. Сепак, во 74. минута Милан постигнува втор погодок по асистенција на Калинич, а стрелец овој пат беше Калабрија.

До крајот на натпреварот Рома напаѓаше, а Милан се обидуваше преку контри, но поголеми возбудувања на двете страни немаше и натпреварот заврши со резултат 0:2.

Милан е сега на седмата позиција на табелата со освоени 44 бода, додека Рома е две места погоре со шест бода повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фелипе Мело со жесток коментар за Робињо и Алвеш: Ако тоа се случеше на мојата ќерка, денес не би бил тука

По случаите на силување на бразилските фудбалери, Робињо и Дани Алвеш, се огласи и Фелипе …