Дома Фудбал Англија Враќањето нема да оди така брзо: Насри прво мора да ја докаже физичката форма во премиерлигашот

Враќањето нема да оди така брзо: Насри прво мора да ја докаже физичката форма во премиерлигашот

nasri

Францускиот фудбалер Сами Насри ќе тренира со Вест Хем со цел да се избори за договор со овој клуб.

Насри требаше да помине лекарски прегледи во Лондон бидејќи наскоро му истекува суспензијата. Сепак, управата на клубот е загрижена за физичката форма на 31 годишниот фудбалер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа одлучено е Насри некое време да тренира со „чеканите“ пред да потпише договор со неделна плата од 92.000 евра.
Последниот клуб за кој настапуваше Насри беше Анталија во Турција.

На Французинот пред истекот на суспензијата дозволено ми е да тренира со клубот од почетокот не ноември, но не може да заигра на официјален натпревар пред 1-ви јануари.

На негово доведување инсистираше менаџерот на „чеканите“, Мануел Пелегрини кој соработуваше со него во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…