Дома Фудбал Враќањето на Меси се одложува!

Враќањето на Меси се одложува!

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе го пропушти и мечот со Валенсија од 4-то коло на Примера, кој на програмата е во сабота, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


32-годишниот Аргентинец се уште не започнал со целосни тренинзи со тимот, а се очекува тоа да го направи следната недела. Тој се здоби со повреда на 5-ти август и неговата рехабилитација се уште трае.

Меси се уште нема ниту еден настап оваа сезона, а без него Барселона освои едвај 4 бода во првите три кола во Примера.

Меси сигурно ќе го пропушти мечот против Валенсија овој викенд, но можно е да се врати на терените против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите во вторник.

https://youtu.be/SHsFi4ln0qU
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн Минхен договори ѕвезда на Мароко за 55 милиони евра (Фото)

Германскиот гигант Баерн Минхен го договори трансферот на мароканскиот репрезентативец Исм…