Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш очекува тежок натпревар со македонската репрезентација на стартот на Европското ракометно првенство.
Врањеш истакна дека добро ја познава македонската репрезентација, нашите квалитети, но и нашите слабости.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Во последната година напредуваа. Со нетрпение го очекуваме натпреварот, знаеме дека ќе биде тежок, Македонците се силни во одбраната, имаат добар голман, а во нападот го имаат Кирил Лазаров, еден од најопасните и најстарите играчи на ЕП. Свесни сме за квалитетите на Македонија, но и за слабостите на денешниот ривал, така што ќе мораме да играме на највисоко ниво ако сакаме да победиме“, изјави Врањеш.
Македонија и Словенија денес ќе ги одмерат силите во Дебрецин во 18 часот, во првиот меч од групата.