Балканскиот скандал кој е мега популарен на овие простори, а во кои главен учесник е босанскиот фудбалер Огнен Врањеш добива на големина.
Се започна со скандалозните фотографии кои Врањеш ги објави од познатата српска пејачка, Јелена Карлеуша.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Врањеш поради целиот скандал доби отказ во неговиот клуб Андерлехт, односно е префрлен во вториот тим, но и покрај тоа тој изгледа не се откажува.
Сега српските медиуми лансираа вест дека Врањеш сака да купи куќа веднаш до нејзиниот дом.
Врањеш како што се известува ја контактирал сосетката на пејачката која долго време ја продава куќата и се распрашувал истата да ја купи.
Доколку продолжи со ваквите постапки во јавноста Врањеш тешко дека ќе пронајде клуб кој сака да го ангажира – ниту еден клуб не сака во своите редови да има играч кој е спремен да прави проблеми, а со тоа да го нарушува и реномето на клубот.