Легендарниот голман на ПСЖ, Реал Мадрид и на репрезентацијата на Костарика, Кејлор Навас се соочува со сериозен проблем. Имено, тој бил тужен од работник кој работел како помошник во куќата на Навас поради нехумани услови.
Според медиумите во Франција, извесен Николас бил редовно пријавен, а работел дури и 90 часа неделно. Исто така, имал месечна плата од 3.200 евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Споменатиот работник наведува и дека бил сместен во подрумска просторија без прозорци, а ѕидовите биле полни со влага, додека како мебел имал само еден кревет.
Сето тоа го натерало да ја бара правдата пред судот во Париз,и да го обвини својот поранешен работодавец за нехумани работни услови.