Дома Фудбал Италија Во Јувентус се станува комплицирано: Во соблекуваната на „Старата дама“ е многу далеку од совршено

Во Јувентус се станува комплицирано: Во соблекуваната на „Старата дама“ е многу далеку од совршено

Јувентус во новата сезона не влезе како што се очекуваше, па во досегашниот дел од сезоната, актуелниот италијански шампион се наоѓа на третата позиција со четири бода негатива во однос на првопласираниот Наполи.

„Старата дама“ шест пати во низа го освои Скудетото и јасно е дека фудбалерите на Јуве сакаат да го направат истото и по седми пат. Меѓутоа, сезоната не почна така како што се очекуваше, бидејќи Јувентус го напуштија неколку стандардни играчи од минатата сезона, додека од друга страна, дојдоа и неколку нови имиња.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес објавија дека во соблекувалната на Јувентус е далеку од совршено. Како што се наведува, во Јувентус владеат два клана, односно домашните играчи против странските. Како што се пишува, италијанските фудбалери од клубот бараат во јануари да бидат продадени неколку „странци“ поради тоа што им ја нарушуваат атмосферата.

Се уште не е познато за кого станува збор, но медиумите тврдат дека сите карти ќе бидат отворени во јануари. Од Јувентус не сакаа да ги демантираат овие шпекулации, но ниту ги потврдија, бидејќи како што истакнаа, тие се клуб кој се занимава со сериозни теми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бразил на Копа Америка без три големи ѕвезди

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот…