Андреа Пирло нема да ја води екипата на Јувентус во наредната сезона, барем такви се најавите од Италија.
Низ италијанските медиуми на големо се пишува дека Масимилијано Алегри ќе се врати на клупата на „старата дама“ на лето. „Спортмедијасет“ тврди дека раководството на Јувентус донело одлука да го врати Алегри без оглед како ќе заврши сезоната.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дури се споменува дека е можно Јувентус да го отпушти Пирло и наредниот викенд ако „старата дама“ изгуби од Удинезе. Тоа би се случило за тимот да се обиде да ја спаси сезоната и избори пласман во ЛШ.
Алегри на клупата на Јувентус беше од 2014 до 2019 година. Освои пет титули шампион, четири Купа и два Суперкупа на Италија. Во тој период Јувентус играше и две финалиња во Лигата на шампионите.
Вкупно Алегри Јувентус го водеше на 271 натпревари. Оствари учинок од 191 победа, 43 нерешени и 27 порази. Пирло од друга страна на 46 натпревари има 29 победи, 10 нерешени и седум порази, но играта на тимот е навистина очајна.
Поради тоа раководството на „старата дама“ одлучило да го смени Пирло после само една сезона.