Дома Фудбал Во Јувентус брзо донеле одлука: Нема отказ за Пирло, ќе има промени во играчкиот кадар

Во Јувентус брзо донеле одлука: Нема отказ за Пирло, ќе има промени во играчкиот кадар

Јувентус вчера го победи Порто, но после продолженија „старата дама“ поради гол помалку на гости беше елиминирана.

После натпреварот критики доби и тренерот на Андреа Пирло. Пирло на кормилото на Јувентус дојде на почетокот на оваа сезона и тоа без ден тренерско искуство.

Токму затоа во Јувентус не размислуваат за негов отказ. Како што објави познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо претседателот Андреа Ањели имал состанок со Пирло на кој и двајцата заклучиле дека Пирло ќе го води италијанскиот шампион и наредната сезона.

И Пирло на прес-конференцијата после натпреварот истакна дека е во Јувентус за да работи на проект од неколку години. На споменатиот состанок според информациите се раговарало и за промените кои треба да се направат во играчкиот кадар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…