Денес пред натпреварот со Тотенхем прес-конференција одржаа тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока и дефанзивецот, Егзон Бејтулаи.
Тотенхем секако е апсолутен фаворит, меѓутоа во Шкендија сигурно нема да се предадат предвреме.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Овој натпревар секако е специфичен. Знаете сите што е и кој Тотенхем, како и што тој клуб значи во Европа. Меѓутоа ние сме спремни да го дадеме максимумот, па ќе видиме што ќе биде“, изјави тренерот Ѓока.
Потоа зборуваше стоперот Бејтулаи.
„Знаеме против кого играме. Ние сме спремни да го дадеме максимумот, сигурно нема да излеземе со бело знаме. Во фудбалот се случуваат изненадувања, сме го виделе тоа многу пати“, порача Бејтулаи.
Натпреварот помеѓу Шкендија и Тотенхем се игра утре на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 20:00 часот.