Дома Фудбал Италија ВО ЧЕСТ НА АСТОРИ: Фиорентина и Каљари го повлекоа дресот со број 13

ВО ЧЕСТ НА АСТОРИ: Фиорентина и Каљари го повлекоа дресот со број 13

Во чест на прерано починатиот италијански фудбалер Давиде Астори, Фиорентина и Каљари одлучија да го повлечат дресот со број 13.

Смртта на Давиде Астори го потресе италијанскиот, но и светскиот фудбал.

Фиорентина објави дека во чест на Астори заедно со екипата на Каљари ќе го повлече дресот со број 13, кој го носеше во текот на кариерата.

Астори ќе биде погребан во Фиренца во четврток, а во среда во техничкиот центар на Фудбалскиот сојуз на Италија, ќе може сите да му одадат почит.

„Овој дрес е засекогаш твој“
, објави Фиорентина на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …