Дома Фудбал Англија Во Челзи најавена голема промена, дали ова може да значи – нов сопственик?!

Во Челзи најавена голема промена, дали ова може да значи – нов сопственик?!

Во медиумите на Островот неодамна се појавија информации за промена на сопствникот на англискиот клуб Челзи, односно дека Роман Абрамович кој направи од „сините“ гигант размислува за продажба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес пак во Англија пишуваат за потенцијален потег за кој сметаат дека воопшто не е случаен.

Наводно тимот на Челзи би можел да направи редизајн на грбот кој не е променет уште од 2005 година.

Како што е добро познато, Челзи на својот грб има лав кој држи стап. Британците најавуваат дека не би имало драстични промени, туку би се редизајнирал просторот околу лавот.

Ваквите најави како што споменавме веднаш се поврзаа со информациите дека Челзи може да биде продаден.

Ќе потсетиме Абрамович го купи Челзи 140 милиони фунти, а сега би можел од продажбата да заработи околу три милијарди фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…