Дома Фудбал Останато „Во фудбалот сум 50 години и никогаш не сум видел некој како него“

„Во фудбалот сум 50 години и никогаш не сум видел некој како него“

Ансу Фати стана вториот најмлад дебитант во историјата на Барселона во недела. Тој со 16 години и 298 дена ги одигра последните 12 минути во победата од 5:2 на Барселона над Бетис.

Тинејџерот од Гвинеја дебитираше со помалку години отколку што тоа го направија Меси, Андрес Иниеста и Чави Ернандез. Неговата природна позиција е лево крило, но може да игра и во врвот на нападот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фати како дете стигна во Шпанија, а прв тренер му беше Хозе Луис Перез во фудбалската академија на Севиња. Фати таму пристигна како петгодишник и уште тогаш го воодушевил Мена.

„Во Гвинеја се навикна да игра со топки направени од крпи, а беше неверојатно да се види кога прв пат доби вистинска топка. Во фудбалот сум 50 години и никогаш не сум видел некој како него. Тој има одлична способност, не се плаши од никоги  и кога ќе го видите на теренот веднаш ќе го сфатите тоа“, изјави Перез за шпански „АС“.

Уште како дете Фати го следеа бројни скаути. Реал нудел повеќе пари, но Барселона победила поради подобриот пристап.

„Реал нудеше подобри услови, но ја избравме Барселона затоа што дојдоа во нашиот дом и така ме убедија. Нивниот начин ми се допадна. Кога му кажаа дека ќе игра за првиот тим, мислеше дека се шегуваат со него“, откри пред неколку дена таткото на Фати, Бора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес…