Фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал, стана херој на шпанската фудбалска репрезентација откако влезе од клупата за резерви и постигна гол во победата од 2-1 против Англија во финалето на ЕП. Тој гол на Шпанија и ја донесе четвртата титула европски првак, а на Ојарзабал статус на еден од хероите на величествениот триумф.
Но, додека цела Шпанија славеше, во Баскија не се многу среќни со титулата. Познато е дека Баскијците со децении се борат за независност и право на својата земја, па затоа огромното мнозинство од нив не ја поддржуваат владата на Шпанија, ниту репрезентацијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Така, еден ден по финалниот натпревар, непознати сторители закачиле транспарент на фасадата на зграда во Елори, малото гратче во Баскија каде што живее мајката на Ојарзабал, јасно кажувајќи што мислат за играњето на Ојарзабал и неговиот соиграч од Сосиедад Микел Мерино за Шпанија.
„Не за играње за Шпанија“, пишуваше на транспарентот на кој беше истакнато баскиското знаме и шпанското знаме пречкртано.