Иако вчера најавите од Украина беа поинакви сепак, шампион во фудбалското првенство на Украина нема да има.
Украинската прва фудбалска лига нема да биде продолжена и никој нема да биде прогласен за шампион затоа што во земјата владее вонредна состојба поради инванзијата на Русија. Од почетокот на ивазијата во Украина не се одигра ниту еден официјален натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во моментот на прекинот лидер беше Шахтјор со 47 бодови од 18 натпревари, следи Динамо Киев со два помалку.
„Фудбалските клубови од Првата лига го поддржаа предлогот сезоната 2021/2022 да се прекине затоа што нема услови да се заврши“.
Изгледот на табелата до 24. Февруари ќе биде и конечниот. Двата први тимови Шахтјор и Динамо Киев ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.