Паоло Диабала би можел да биде изоставен од составот на Јувентус за „натпреварот на сезоната“ против Наполи кој на распоредот е утре навечер, а италијанските медиуми пишуваат дека не е тактичка идеја за Алегри.
Само четири бода го делат првопласираниот Јувентус и второпласираниот Наполи на табелата во Серија А, па утрешниот дуел би можел да го понуди одговорот на прашањето за Скудетото. Паоло Диабала, барем на хартија е еден од најдобрите фудбалери на Јувентус и оваа сезона постигна 25 гола за „Старата дама“ во сите натпреварувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, Јуве и без него го одигра еден од најдобрите натпревари оваа сезона, кога со 3:1 славеше против Реал на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите. Веќе неколку дена се шпекулира дека Диабала би можел да го пропушти натпреварот против Наполи, бидејќи Алегри сака да одигра со формацијата 4-3-3 во која Манџукиќ, Коста и Игуаин би ја правеле офанзивната линија
Меѓутоа, „Rai Sport“ сега укажува на тоа дека Диабала се повредил на натпреварот против Кортоне (1:1), но дека во Јувентус тоа го кријат за составот на „Старата дама“ да остане под голема мистерија се до утре. Натпреварот помеѓу Јуве и Наполи во Торино започнува утре од 20:45 часот.