Дома Фудбал Останато Во соблекувалната на ПСЖ веќе знаат дека доаѓа Зидан

Во соблекувалната на ПСЖ веќе знаат дека доаѓа Зидан

Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Маурисио Покетино може да го напушти ПСЖ и да се пресели на кормилото на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После отказот на Солскјер главен фаворит за тренерското столче на „Олд Трафорд“ е Маурисио Покетино, а неговите агенти веќе започнаа преговори со „црвените ѓаволи“.

Самиот Аргентинец сака да се врати во Премиер лигата, а раководството на ПСЖ веќе му најде замена.

Имено, Зинедин Зидан е главен фаворит за преземање на тимот на ПСЖ, а „Марка“ открива дека ѕвездите на тимот веќе биле информирани дека ќе дојде Французинот.

Тие очекуваат наскоро Зидан да седне на кормилото, а ПСЖ е во интензивни преговори со бившиот тренер на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Добар старт, но лош крај: Шкендија загуби од Браво по пресврт

Шкендија загуби со 1-2 на гостувањето кај Браво во Љубљана во првиот натпревар од второто …