Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, ремизираа овој викенд на гостувањето против Челзи (2:2) во дербито на деветото коло во англиската Премиер лига.
„Црвените ѓаволи“ со погодоците на Ентони Марсијал успеаа да направат пресврт на 2:1 во вториот дел и беа на чекор од победа, но потоа во петтата минута од судиското продолжение, Рос Баркли погоди за изедначување. Во центарот на вниманието на овој натпревар беше Жозе Мурињо кој сакаше да се пресмета со еден од членовите на стручниот штаб на „сините“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, обезбедувањето на стадионот брзо реагираше и беше спречен поголем инцидент, но англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот би можел да добие суспензија.
За Мурињо тоа изгледа не е единствениот проблем бидејќи наводно е разочаран од ситуацијата во соблекувалната во која има – шпиун!?
Како што пренесува „Мирор“, Мурињо одлучил да ги истражува играчите и членовите на стручниот штаб бидејќи некој го открил неговиот почетен состав за натпреварот против Челзи. Португалецот дознал дека Маурицио Сари знаел со каков состав ќе настап Јунајтед неколку часа пред натпреварот.
Она што најмногу го налутило Мурињо е што составот за натпреварот со Челзи се нашол на друштвените мрежи во саботата наутро.
Нема соменвање доколку Жозе го пронајде виновникот кој ги дели информациите од соблекувалната го очекува жестока казна.