Дома Фудбал Останато Во Серија А нема фудбал до мај-јуни? Невозможно е одружување на ЕП ова лето?

Во Серија А нема фудбал до мај-јуни? Невозможно е одружување на ЕП ова лето?

Голот на Џереми Бога од 74. минута во натпреварот помеѓу Сасуоло и Бреша (3:0) лесно би можел да биде последен кој го видовме во Серија А на подолг период. Топката на Апенините мирува и не изгледа дека наскоро ќе се затркала.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако прогнозите беа оптмистични и сезоната се запре до 2. Април, меѓутоа ситуацијата изгледа бара подолга пауза.

„Формула 1 веќе го одложи почетокот за мај. Има предлог фудбалот да се врати на стадионите на 5. април, но тоа е невозможна мисија. Се надевам дека би можеле да заиграме кон крајот на мај или јуни. Само под услов се да помине како што е планирано“, нагласи Дамјано Томази, претседателот на Унијата на професионални фудбалери.

Томази сфаќа каква опасност носи КОВИД – 19 па предупредува.

„Нашата обврска како граѓани е да останеме дома. Тоа е комплицирано затоа што се уште постојат подрачја во Италија каде што поединци не ја разбираат потребата за такво нешто“.

Тој даде и свој коментар за Европското првенство.

„Ми изгледа невозможно Европското првенство да се одржи оваа година бидејќи е планирано да се игра во 12 земји“, заврши Томази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пeрез се согласи на сите услови на Мурињо, па му кажа што мора веднаш да направи кога ќе го потпише договорот

Жозе Мурињо, според сите изгледи, ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, затоа што Флоренти…