Дома Фудбал Останато Во Рио е како во војна поради финалето на Копа Либератадорес – се очекуваат 100.000 Аргентинци!

Во Рио е како во војна поради финалето на Копа Либератадорес – се очекуваат 100.000 Аргентинци!

Утре вечер со почеток од 21:00 часот по средноевропско време во Рио де Женеиро на Маракана ќе се игра финалето од Копа Либертадорес.

Копа Либертадорес е јужноамериканската Лига на шампиони, па затоа натпреварот со нетрпение се очекува, а во финалето ќе играат бразилскиот Флуминенсе и аргентинската Бока Јуниорс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Рио на еден ден пред финалето ситуацијата е навистина тензична поради големиот број Аргентинци во градот. Исто така медиумите пренесуваат дека се најавени 100.000 навивачи на аргентинскиот гигант, па поради Владата во Бразил одлучи да ја вклучи и војската на улиците за да ја држи ситуацијата под контрола.

Но, хаосот во градот веќе започна, забележани биле повеќе конфликти на навивачите на двата клуба во разни делови.

Аргентински навивач бил уапсен затоа што фрлал шишиња кон други луѓе, друг удрил куче и се обидел да нападне човек, забележани се пресметки во фан зоните на Аргентинците…Дефинитивно полицијата во Рио ќе има полни раце работа и тешка задача за да го одржи мирот пред и за време на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Покетино бесен: ВАР штети на имиџот на англискиот фудбал!

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нару…