Во Реал Мадрид се лути на Килијан Мбапе бидејќи сметаат дека францускиот напаѓач одолговлекува со одлуката околу трансферот.
Ќе потсетиме, Мбапе веќе беше многу блиску до Реал, но потоа се случи пресврт и го продолжи договорот со ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Мбапе завршува на лето и Реал му нуди само 130 милиони евра како бонус за потпис на договорот, како и годишна плата од 26 милиони евра. Французинот вчера го прекина молкот и порача дека се уште не донел одлука.
„Во Реал не се воодушевени од зборовите на Мбапе. Не сакаат да влезат во драма која ќе трае до крајот на сезоната, а изгледа дека Мбапе како да води кон тоа“, тврди емисијата „Ел Чирингуито“ и наведува дека Реал му дал ултиматум до 15-ти јануари се да биде познато.
Мбапе во ПСЖ пристигна во 2017 година од Монако за 180 милиони евра. Одигра 283 натпревари и постигна 234 голови, додавајќи 100 асистенции.