Дома Фудбал Англија Во ПЛ одлучиле: Наскоро ќе биде објавено дека сезоната е завршена!?

Во ПЛ одлучиле: Наскоро ќе биде објавено дека сезоната е завршена!?

Директорот на Удинезе Пјерпаоло Марино тврди дека веќе е донесена одлука за завршување на сезоната во Премиер лигата.

Вакво нешто се случи веќе во Белгија која објави крај на првенството и го прогласи Клуб Бриж за шампион. УЕФА се спротистави на ова и порача дека приоритет е сезоната да се заврши, дури Чеферин им се закани дека може да немаат претставници во Европа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сепак, овој пример на Белгија може да го следи Англија. Пјерпаоло Марино кој е претседател на Удинезе соопшти дека наскоро Премиер лигата ќе објави дека сезоната е завршена.

Тој не откри од каде му се таквите информации, но Удинезе и Вотфорд имаат ист сопственик (семејството Поцо) и се во блиска соработка.

„Белгија веќе го заврши шампионатот и покрај заканите за санкции од УЕФА. Во Англија, Премиер лигата наскоро ќе испрати слично соопштение затоа што ситуацијата таму е многу сериозна. Јас се надевам само дека повторно ќе уживаме во фудбалот после пандемијата со коронавирусот. Не е важно колку време ќе ни треба, најважно е да излеземе како победници“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…