Лучијано Спалети по 33 години чекање му ја донесе сезонава титулата на Наполи во Серија А, а вчера го победи и Интер со 3:1.
Сепак, место мирно тимот да се спрема за наредната сезона, само една недела по освојувањето на Скудетото се појавија најави дека Лучијано Спалети ќе си замине. Прво се изгледаше како медиумска шпекулација, меѓутоа по изјавите на Спалети и Де Лаурентис стана јасно дека помеѓу нив има несогласувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последната изјава на Спалети по победата против Интер за многумина е и најава за негово заминување.
„На овој Наполи не му е потребно ништо затоа што знае да игра фудбал. Ова е тим со срце, карактер, дух и верба во себе. Во таква екипа лесно е да работите, спортскиот директор Џунтоли и претстедатело формираа одличен тим. Кога не сте убедени дека на овој тим можете да му го дадете тоа што го заслужува, треба да ги преиспитате одлуките.
„Не очекувам ништо, се е познато, потребно е само официјализација. На претседателот му кажав се што мислам дека требаше да му кажам и немаше никакви преговори“, изјави Спалети.