Дома Фудбал Италија Во Неапол имаат големи амбиции: Лига на Шампиони или Скудето? И двете!

Во Неапол имаат големи амбиции: Лига на Шампиони или Скудето? И двете!

Наполи вчера ја победи Специја со 3:0 и така тимот на Елиф Елмас направи уште еден чекор напред кон Скудетото. На врвот Наполитанците имаат 13 бодови повеќе од второпласираниот Интер и со оглед на тоа како играат тешко е да се верува дека ќе ја испуштат оваа предност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Но, не треба да се заборави дека Наполи го чека и осминафиналето во Лигата на шампионите каде што ќе игра против германски Ајнтрахт.

Новинарите по натпреварот против Специја го прашаа Спалети дали повеќе посакува трофеј во Италија и трофеј во Европа, а одговорот на искусниот стратег беше прилично храбар.

„Животот понекогаш ви носи моменти кога треба да одлучите дали ќе нападнете или ќе се повлечете.

Верувам дека ние сме во таква ситуација и нашата одлука е да на освојување на двојна круна затоа што навивачите го заслужуваат тоа. Сон на секој навивач е неговиот тим да ја освои Лигата на шампионите, посебно тука во Неапол каде што фудбалот е нешто посебно“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија добива нов гигант: Милијардер на чекор од купување од второлигаш!

Моќниот саудиски бизнисменТурки Алалшикх разгледува можност за купување на англискиот фудб…