Исланд остана разочаран од она што се случи во финишот помеѓу Данска и Франција. Победа на Данска го носеше Исланд во полуфиналето и Данците имаа водство, но на крајот загубија минимално, па Франција се пласираше во полуфиналето.
Ваквиот развој на натпреварот го натера исландскиот политичар Бјорн Леви Гунарсон да даде предлог за отстранување на данскиот амблем од зградата која се наоѓа во Алтинг Исланд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По поразот Исланд објави:
„Никој нека не ми кажува дека Данска во овој натпревар играше за да победи“:
Фрустрацијата се гледа и на социјалните мрежи каде што Исланѓаните пишуваат дека Данска практично и ја подари победата на Франција.